Search
Ново име на „Стемфорд Бриџ“: Челси го официјализираше првото зимско засилување (ВИДЕО)
- Aleksandar Santovski
- Dec 28, 2022
- 1 min read
Англискиот премиерлигаш Челси официјално го потврди првото зимско засилување кое доаѓа од Норвешка.
Составот од Лондон успеа да ги обезбеди услугите на младиот африкански напаѓач и досегашен член на Молде, Датро Фофана. Фофана има 20 години и веќе е репрезентативец на Брегот на Слоновата Коска, а во Челси доаѓа по квалитетните настапи во дресот на Молде каде минатата сезона даде 21 погодок на 37 натпревари во сите конкуренции, плус забележа 7 асистенции.
Тој ќе им се приклучи на новите колеги на почетокот на 2023 година, а „сините“ за овој трансфер ќе издвојат 12 милиони евра.

Comentários