Новите филмови на „Дизни“ ќе дебитираат исклучиво во кината
Холивудскиот гигант „Волт Дизни ко“ во петокот најави дека Eternals, West Side Story и другите филмови од 2021 година ќе се прикажуваат исклучиво во киносалите пред да бидат достапни на стриминг, што е показател на доверба дека одењето во кино ќе се врати во нормала. Одлуката е поттик за забавната индустрија во време кога големите филмови во текот на пандемијата дебитираат онлајн во исто време како и во киносалите Компанијата во текот на пандемијата експериментира со прикажување некои филмови на стриминг-услугатата „Дизни плус“ во исто време кога тие се прикажуваа во кината. Кино-операторите внимателно набљудуваат како „Дизни“, кој доминира на киноблагајните во последните години, ќе се справи со претстојниот план бидејќи делта-варијантата на коронавирусот го забави враќањето на публиката во мултиплексите.
Comments