Search
Новиот филм на Шон Пен ќе биде премиерно прикажан на Канскиот фестивал
04.06.2021 Juni Petok
Нов филм во режија на Шон Пен е меѓу филмовите кои ќе ја доживеат својата премиера на престижниот филмски фестивал во Кан. Настанот ќе се одржи во живо следниот месец, но со строги мерки за заштита од Ковид-19 за присутните. Драмата Flag Day („Денот на знамето“), во која глуми Шон Пен и Џош Бролин, е адаптација на книгата на Џенифер Вогел. Интересна сторија за татко кој живее двоен живот како фалсификатор, разбојник на банка и измамник, со цел да обезбеди иднина за својата ќерка. Претходните режисерски напори на Пен се филмовите: Into The Wild, The Pledge и The Crossing Guard.
Comments