top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Новиот филм за Џејмс Бонд доби рецензии со пет sвезди


29.09.2021 Septemvri Sreda

Петтиот и последен филм на Даниел Крег како таен агент 007, „Не е време за умирање “, доби позитивни критики, пренесуваат британски медиуми. Филмот беше премиерно прикажан во лондонскиот „Ројал Алберт хол“ во вторникот по неколку одложувања предизвикани од пандемијата. Во својата рецензија со пет sвезди Кевин Мар од „Тајмс“ напиша: „Подобар е од добар. Величествен“. „Крег е големо харизматично присуство од првиот кадар до завршниот и се поклонува во сјаен, продуховен и интелигентен стил“. Во својата рецензија со пет sвезди Питер Бредшо од „Гардијан“ го опиша филмот како епска бура, која носи „патос, акција, драма, логорска комедија, скршено срце, макабен хорор и безобразно смешна старомодна акција“. „Се разбира, тоа е фестивал на апсурд и компликации, свет со вртоглави механизми на заговор“, напиша тој, но заклучи дека филмот како целина е многу пријатен и весело спектакуларен. Но, иако повеќето критичари беа позитивни, некои сугерираа дека филмот не ги оправдува своите 163 минути. Според Стефани Закарек од „Тајмс“, филмот од два часа и 43 минути е премногу долг и премногу преполнет со заговори – повеќе не е секогаш подобро. И во него е прикажан еден од најглупавите негативци во историјата на серијалот“. „Но, заборавете на сето ова. No Time To Die, без оглед на неговите недостатоци, е совршено приспособен на актерот Крег, кој, според мене, е најдобар Бонд од сите“, напиша таа. No Time to Die означува кулминација на сеопфатна приказна што почна со првиот филм на Крег како Бонд, Casino Royale, од 2006 година. Во друга рецензија со пет sвезди Роби Колин од „Телеграф“ вели: „Екстравагантно задоволувачки, истакнато пропорционално последно поглавје на Кери Џоџи Фукунага од ерата на Крег, изнесува речиси сè што останува да се изнесе во серијалот 007“. „Ве очекувавме, господине Бонд, веќе подолго време“, додаде тој, „и каква радост и олеснување е што се вративте“.



1 view

Comments


bottom of page