top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Новиот филм за Вили Вонка регрутира ново актерско трио

Updated: Oct 6, 2021

04.10.2021 Oktomvri Ponedelnik

Филмот „Вонка“ пронајде уште неколку протагонисти. На Тимоти Шаламе како титуларен лик ќе му се придружат Роуан Аткинсон („Мистер Бин“), Сали Хокинс („Обликот на водата“) и Оливија Колман („Круната“). Претстојниот филм, насловен „Вонка“, е претходник на класикот „Чарли и фабриката за чоколади“ и се фокусира на раниот период од животот на ексцентричниот чоколадер Вили Вонка. Режисер на претстојниот филм е Пол Кинг („Падингтон“) . Дејвид Хејман, кој соработуваше со Кинг на „Падингтон 2“, а претходно работеше на филмовите од франшизата „Хари Потер“ ќе биде копродуцент заеднос со Лук Кели.


1 view

Comments


bottom of page