top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Новиот тренер на Вилјареал: Не сум изненаден од ситуацијата во Барселона, тие се уште ми должат пари

Барселона минува низ еден период на транзиција во кој се обидува да се врати на победнички патеки, да ја врати старата слава, процес кој дефинитивно нема да оди лесно и најдобар доказ за тоа е елиминацијата во Лигата на шампионите уште по групната фаза. Каталонците вложија сериозни средства минатово лето, но и покрај засилувањата не ја мина групата на смртта и ќе мора да се задоволи со настап во нокаут фазата на Лига Европа. Ваквите резултати во Европа им дадоа основа, подлога на аналитичарите, критичарите да се јават и зборуваат, па така збор зема и поранешниот тренер на екипата Кике Сетиен кој пред неколку дена застана на клупата на Вилјареал. -Барселона живееше одличен циклус и сега мора да помине низ тежок период за повторно да застане на нозе. Не сум изненаден од ситуацијата во Барселона бидејќи ја очекував, -вели Сетиен кој беше отпуштен од „Камп Ноу“ по мизерните резултати. Искусниот стратег воедно откри дека шпанскиот великан се уште му должи пари. -Барселона се уште ми е должна, јас им дадов време, но тие претпочитаа да ангажираат дете од Расинг како Пабло [Торе] и да го засилат својот тим, -истакна Кике.


1 view

Comments


bottom of page