top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Новиот „Спајдермен“ продолжува да доминира на киноблагајните

„Човек-пајак: Далеку од дома“ (Spider-Man: No Way Home) продолжи да руши рекорди на киноблагајните и изминатиот викенд, кога инкасира дополнителни 33 милиони долари, со што стана еден од топ-10 филмови со најголема заработка на сите времиња. Филмот со Том Холанд и Зендаја во главните улоги, која првично беше објавен пред неполн месец, го задржа првото место на боксофисот, кое го зазеде веднаш по неговото премиерно прикажување во кината, пренесува „Холивуд репортер“. Филмот базиран на Марвеловите стрипови моментално има огромен домашен (САД) приход од 668 милиони долари. „Холивуд репортер“ објави дека машки гледачи на возраст од 18-34 години го сочинувале мнозинство од публиката во киносалите во текот на изминатата недела. Spider-Man: No Way Home го надмина „Титаник“, кој заработи 659,4 милиони долари, без корекција на инфлација, на топ-10 листата. Spider-Man: No Way Home, исто така, ја проби и глобалната листа на 10 најдобри филмови, а моментално се наоѓа на осмо место со вкупно 1,53 милијарди долари во светски рамки.


2 views

Comments


bottom of page