Search
Новиот крал сè уште нема да ја носи круната
- Aleksandar Santovski
- Sep 9, 2022
- 1 min read
По смртта на кралицата Елизабета, Велика Британија доби нов крал, Чарлс Трети. „Веројатно ќе биде крунисан за една година“, изјави Кејт Вилијамс, професорка по историја на Универзитетот во Рединг, Англија и авторка на „Млада Елизабета: Создавањето на кралицата“, за магазинот „Пипл“. „Церемонијата на крунисување обично се чека една година бидејќи се смета дека е несоодветно да се одржи крунисување веднаш по смртта на претходниот монарх. Тоа е долг период на жалост“. Таа се осврна и на претходните тврдења дека Чарлс ќе абдицира во корист на Вилијам. „Тој го чека ова целиот свој живот и сигурен е дека добро ќе си ја врши својата должност“, додава историчарката.

Comments