top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Новиот европски првак ќе освои трофеј по години чекање

08.07.2021 Juli Cetvrtok

ФУДБАЛ

Англија и Италија ќе играат во финалето на 16. Европско првенство (ЕП) 2020 во фудбал, в недела во Лондон, на стадионот „Вембли“. Англија во полуфиналето ја победи Данска, по продолженијата (2-1), а Италија, светскиот првак од 1934, 1938, 1982 и 2006 година, беше подобра од Шпанија (1-1, 4-2 на пенали). Англија по четирите порази во полуфиналињата на ЕП 1968 и ЕП 1996 и на СП во 1990 и во 2018 година конечно се пласира во големо финале. „Англија испиша историја“, „Креатори на историјата“, „Конечно финале“, „Вредеше да се чека“, „Херојот Кејн“, беа некои од насловите во британските медиуми, кои го слават пласманот во финалето, прво на ЕП, односно второ на голем турнир, по она на Светското првенство (СП) во 1966 година кога Англија стана светски првак. Со тоа беше ставен крај на 55-годишното чекање на Англичаните, што е најдолгата пауза меѓу настапи во финале во историјата на двете натпреварувања. На Англија за тоа ѝ беа потребни 37 натпревари во оваа конкуренција, најмногу од сите репрезентации. – Многу сум горд на играчите. Знаевме дека нема да биде лесно и им реков на фудбалерите дека ќе мора ги издржат сите искушенија.

Ни претстои уште еден чекор против фантастичен тим, каков што е Италија, која е без пораз не знам на колку меча. Ја знаеме тежината на задачата, но тоа е фантастично за нас. Сега треба да се одмориме, па потоа ќе размислуваме што нѐ очекува – изјави селекторот Герет Саутгејт, додавајќи за пеналот оти „постои ВАР, па претпоставувам дека ја проверил, и се држел до судиската одлука“. Данците ова ЕП го почна со двата пораза, од Финска (0-1) и од Белгија (1-2) во групата, но во продолжението од турнирот играа одлично, стигнаа до првото полуфинале по ЕП 1992, беа најпријатното изненадување. – Големо разочарување за нас, а бевме толку блиску до финалето. Пеналот не требаше да биде пенал. Тоа е нешто што многу ме изнервира. Едно е да се загуби натпревар, тоа се случува, но да се загуби вака е разочарувачки. Начинот на кој загубивме го отежнува разбирањето зошто загубивме. Неверојатно е што направија момците, тие играа фантастичен фудбал, нацијата може да се гордее со нив – изјави Каспер Хјулманд, селекторот на Данска.

Досудениот пенал над Рахим Стерлинг, што во победнички гол го претвори Хари Кејн во 104-та минута, за многумина беше престрого досуден, дури и за Рој Кин, поранешниот фудбалер на Манчестер јунајтед, сега стручен ТВ-коментатор, за кого тоа беше „мек пенал“. Нови полемики следуваа откако на ТВ-снимката се забележува ласерски зрак на лицето на голманот на Данска, Каспер Шмајхел, пред Кејн да го изведе пеналот. Се забележува и втора топка на теренот кога беше направен прекршокот над Стерлинг. Во такви ситуации судиите обично ја запираат играта.

1 view

Comments


bottom of page