Новиот датум на „Пиволенд“ е од 3 до 7 септември
Големото невреме, кое ги зафати Скопје и околината, како и најавите за невреме во деновите што следуваат, направија организаторите на „Пиволенд 2022“ од безбедносни причини да го преместат датумот за почеток на најголемиот пивски фестивал во земјата – „Пиволенд 2022“. Новиот датум за почеток на „Пиволенд 2022“ ќе биде на 3 септември (сабота), а ќе трае до 7 септември (среда), информира организаторот. Промената во датумот доведе и до промена во програмата кај музичките изведувачи. Оваа година „Пиволенд“ ќе понуди програма со повеќе од 50 артисти во текот на петдневниот настан, над 100 вида пиво и забава што навестува голема посетеност, како и можноста да се купат маичка и кригла брендирани со дизајнот на фестивалот преку што ќе се донира за здружението „Во мојот свет“.
Comments