Новиот биографски филм за Мерилин Монро ќе се прикажува од септември
Многу очекуваниот филм „Русокоса“ (Blonde) заснован на романот на Џојс Керол Оутс, за животот на Мерилин Монро, ќе биде објавен на Нетфликс на 23 септември, објави стрим-платформата.
Улогата на холивудската ѕвезда која почина на 36-годишна возраст во 1962 година и којашто сè уште ги фасцинира САД, 60 години подоцна ја глуми кубанско-шпанската актерка Ана де Армас. Адриен Броди, исто така, се појавува меѓу глумците како драматургот Артур Милер, сопруг на Мерлин. Режисер на филмот е Ендрју Доминик, а продуцент е Бред Пит.
Некогашниот претседател на САД, Џон Ф. Кенеди, за кого познатата русокоса ја отпеа веќе легендарната „Happy Birthday, Mr. President“, a гласините говорат и дека му била љубовница, ќе го глуми Каспар Филипсон.
Филмот ја доби ознаката „17 плус“, што значи дека не е за лица под 17 години, поради сцените со експлицитно сексуално насилство.
Делото на Џојс Керол Оутс, објавено во 2000 година, е еден од најпознатите негови дела. Романот-биографија го прикажува животниот пат на Норма Џин Бејкер – вистинското име на Мерилин Монро, отсликува и жесток портрет на Америка – особено Холивуд, во 50-тите и 60-тите години на минатиот век.
Comments