Search
Новинарот Муратов го продаде Нобеловиот медал за 103,5 милиони долари
Американските медиуми пишуваат дека рускиот новинар Дмитриј Муратов – еден од минатогодишните добитници на Нобеловата награда за мир – на аукција го продава медалот за рекордни 103,5 милиони долари. Со собраните средства сака да им помогне на раселените деца од војната во Украина. На оваа аукција соборен е рекордот на продажба на медал од Нобелова награда. Целиот приход е наменет за хуманитарниот детски фонд – УНИЦЕФ.
Comments