Search
Новина на Оскарите: Дури три актерки ќе ја водат церемонијата
- Aleksandar Santovski
- Feb 15, 2022
- 1 min read
Овогодишната церемонија на доделување на престижните филмски награди Оскар ќе ја водат три актерки.
Водители на 94-тото доделување на Оскарите ќе бидат Реџина Хал, Ејми Шумер и Ванда Сајкс, објавија странските медиуми.
Поминаа 35 години откако дури три лица го водеа најголемиот холивудски спектакл, но никогаш досега не се појавија толку многу жени на сцената во една вечер во улога на водител на шоуто на доделувањето на престижните награди.
Секоја од трите актерки ќе води по еден час од церемонијата, а Шумер ќе биде главен координатор.

Comments