top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Нови олимписки спортови за нови стандарди

На олимписки игри, без разлика дали станува збор за летни или за зимски, сѐ почесто има нови настани, па и спортови, кои го издржаа тестот на времето и ќе продолжат да бидат дел од наредните игри. Во поретки случаи, сведоци сме и на раѓање нови спортови што Интернационалниот олимписки комитет (ИОК) ги додава на списокот.

Зимските олимписки игри (ЗОИ) во Пекинг тукушто завршија, но веќе се говори за тоа што може да се очекува на ЗОИ во 2026 година, кои ќе се одржат во два италијански града, во Милано и во Кортина д’Ампецо. Нов спорт на тие Игри ќе биде ски-планинарењето, натпреварите ќе се одвиваат на планински терени и ќе вклучува пешачење и скијање. „Ски-планинарењето е особено популарен спорт во Италија, со длабоки историски и спортски корени низ алпските региони“, се вели во соопштението на ИОК. Планот е во ски-планинарството да учествуваат 48 спортисти, по 24 жени и мажи. ИОК планира да има пет натпревари за медали во овој спорт.

На Игрите во Пекинг олимписко деби имаа седум нови дисциплини, а во најава се нови настани во иднина. На следните, ЛОИ 2024 во Париз, се очекува да се воведе дополнителен спорт во списокот на конвенционалните. Тоа е брејкденсот, кој ИОК ќе го нарече брејк. Станува збор на еден вид танц што вклучува работа со нозете и вртења на грбот и на главата. Додавањето нови спортови на разновидната листа олимписки настани е поттикнато од желбата да се постават нови стандарди за инклузивност, родово балансирани игри и игри насочени кон младите.

– Во текот на следните пет години, вклучувањето на овие настани во олимписките игри ќе помогне да се инспирираат милиони деца да се занимаваат со спорт – се наведува на официјалната интернет-страница на Игрите во Париз во 2024 година.


1 view

Comments


bottom of page