top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Нови договори: Дрогришки и Крстевски остануваат „гладијатори“

18.04.2024 April Cetvrtok

Тимот на ГРК Охрид успешно ги заврши преговорите со Стефан Дрогришки и Горан Крстевски кои се обврзаа дека ќе останат во оваа средина и наредната година.

Дрогришки и Крстевски добро ја познаваат домашната сцена и со своето искуство, квалитет помагаат да се остварат амбициите на популарните „гладијатори“.

Стефан и Горан потпишаа договори до 2025 година, а претхоно соработката со македонскиот прволигаш ја продолжија и Тeмо Орјоникидзе, Даниел Ѓорѓески, Крсте Андоновски, Никола Шипинкоски, Гал Цирар, Владимир Бојаниќ, Иван Тасески и Милорад Кукоски.

Охрид со 23 бода се наоѓа на третото место во Суперлигата зад Еурофарм Пелистер и Вардар 1961.


0 views

Comments


bottom of page