Нови дизајнери во „Лабораториум“
08.04.2024 April Ponedelnik
Денеска напладне во изложбениот салон и заедница на македонски дизајнери и занаетчии „Лаб дизајн маркет“ ќе се одржи промоција на новите дизајнери што ќе се приклучат на досегашната понуда на современи дизајнерски и занаетчиски производи. „Лаб дизајн маркет“ е изложбен салон, кој се отвори неодамна во центарот „Лабораториум“, во индустриската хала на печатницата „Нова Македонија“. Маркетот како новитет за првпат ги поставува на исто рамниште занаетчиските и дизајнерските производи, создавајќи несекојдневен микс од разнородни креативни изрази, и нуди приказ во работата на дваесетина учесници, а со тоа укажува на една нова современа форма на традиционалните македонски занаети.
Покрај современиот филигран, ќе најдете нови трансформации на нашите занаети, како ќустеците од мониста, познатата во светот „Македонска мушичка“ преточена во накит, облека од природни материјали со фокус на еколошко производство и заштита на животната средина, производи за домот од дрво, рачно изработени чевли и чанти од рафија.
Comments