Новата мини серија претходник на „Џон Вик“ доби нов формат
Updated: Jul 22, 2021
21.07.2021 juli Sreda
„Џон Вик“ првично почна како филм за одмазда за поранешен платен убиец – со Кијану Ривс како главен протагонист – кој повторно ги разбуди своите инстинкти по убиството на неговото куче, но оттогаш прерасна во посебен универзум. Најавен како еден од проектите на списокот, The Continental („Континентал“) сега се подготвува за преработен формат со режисерот Алберт Хјуз на чело на тимот. Првично планирана како спиноф-серија или издвоена серија што се фокусира на фиктивен синџир хотели, луксузно засолниште за платени убијци, проектот, наместо тоа, ќе биде преработен во мини серија на ограничени настани од три ноќи. Според „Холивуд репортер“, кој прв ја објави веста, „Континентал“ опфаќа три 90-минутни епизоди. Поставена 40 години пред настаните од акционата сага „Џон Вик“, серијата претходник ја следи приказната за млад платен убиец – хотелиер, како и основањето на синџирот хотели „Континентал“ во 70-тите.
Kommentare