Новата Мерлин Монро вознемирена поради голите сцени на Интернет: Тоа е одвратно!
Актерката Ана де Армас смета дека е одвратно што нејзините голи сцени од долгоочекуваниот филм на Нетфликс „Blonde“ најверојатно ќе станат вирални на Интернет.
„Blonde“, филмот базиран на животот на Мерлин Монро, е пред премиера, а главната улога ја толкува Де Армас.
Во интервју за Variety, Де Армас искрено проговори за тоа каква ќе биде нејзината реакција кога на интернет ќе се појават голите сцени.
Знам што ќе стане вирално“, изјави 34-годишната актерка.
„И тоа е одвратно. Вознемирувачки е само да се размислува за тоа. Не можам да го контролирам тоа, не можете навистина да контролирате што прават и како ги вадат работите од контекст. Се чувствувам лошо кога размислувам за иднината на тие видеа“, продолжила актерката.
Таа додаде дека филмот е надвор од нејзината комфорна зона, но тоа го направила за режисерот на филмот Ендрју Доминик и легендарната Монро.
„Во овој филм направив работи што никогаш не би ги направила за некој друг, никогаш. Го направив тоа за неа, и го направив за Ендру“, рече таа.
Де Армас била дури и на гробот на Монро.
留言