top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Новата книга за деца „Мачешки исповеди“ jа буди емпатијата кај најмладите

„Мачешки исповеди или што значи да се биде маче“, е новата книга за деца на Катерина Трајановска во издание на „Арс Ламина“. Трајановска истовремено е и авторка на текстот, но и на илустрациите. Десетте раскази-приказни во оваа збирка ги раскажуваат мачињата. Секое маче има своја приказна: некогаш тажна, некогаш смешна, навидум обична, но сигурно по нешто – посебна. Тоа што ги обединува е нивната потреба да ги споделат своите доживувања, од секоe доживување правејќи важен настан.

“Преку мачињата во мојата книга се претставени ситуации/размислувања, што би можело да им се случуваат и на луѓето. Па, така, давајќи им човечки особини на мачињата, во книгата потсетувам на таа потреба од емпатија кон туѓите несреќи. Сметам дека приказните можат да поттикнат размислување и, најважно од сè, да разбудат емпатија кај децата“, вели Трајановска.

„Мачешки исповеди или што значи да се биде маче“ е втора нејзина книга во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“, по „Брзосплетковска 63 и случајот со смрдливите чорапи“ – која ја освои наградата за најдобра книга за деца од 6 до 13-годишна возраст на фестивалот „Литера“ во 2020 година.


4 views

Comments


bottom of page