top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Новак Ѓоковиќ играше тенис со Шарлиз Терон

12.03.2024 Mart Vtornik

Додека го чека првиот меч на Индијан Велс, Новак Ѓоковиќ им се посвети на тренинзите и слободните активности во САД. Тој исто така играше на хуманитарниот тениски турнир „Дезерт смеш“, каде што му се придружи славната актерка Шарлиз Терон.

– Шарлиз ме натера да се помачам, но претпоставувам дека тоа беше дел од тактиката. Беше чест да се биде дел од овој настан – изјавил Ѓоковиќ.

Имено, сите пари собрани од хуманитарниот турнир одат за здружението за помош на младите во Јужна Африка што го предводи славната актерка

– Јас сум од Јужна Африка и многу сум горда на тоа. Сакав да одржам врска со мојата земја, така што започнувањето на овој проект беше начин да им оддадам почит на сите организации што прават неверојатна работа во Јужна Африка. Ние веруваме дека младите треба да бидат здрави и да се образоваат – изјавила 48-годишната актерка.


1 view

Comments


bottom of page