Новак тренира како вистински воин, Иванишевиќ е најголем песимист
Новак Ѓоковиќ тренира како Роки Балбоа во Црна Гора и се подготвува со максимално залагање за Ју-Ес Опен, иако реалните шанси да настапи на четвртиот грен слем во годината се минимални.
Поради својот вакцинален статус, Новак нема дозвола за влез во Америка и речиси никакви се шансите дека ќе дојде до смена на ова правило во Америка, па оттаму и надежите кои ги има Горан Иванишевиќ за престој на неговиот пулен во Њујорк.
Хрватот го следи Новак на секој турнир откако овој раскина со Вајда на стартот на оваа сезона, а иако надежта последна умира, Иванишевиќ сепак нема преголема верба во претседателот на САД, Џо Бајден.
– Секогаш постои надеж, надежта последна умира. Новак тренира, прави се како да ќе игра таму. Можеби ќе добие некоја специјална виза, но реалноста е дека остануваат уште само две седмици.
– Да бидам искрен, лично имам нула надежи дека Џо Бајден ќе ги промени правилата пред стартот на турнирот во Њујорк, – вели Иванишевиќ за „Ла Република“.
Comments