Search
Новак и Јелена Ѓоковиќ слават 10-годишнина од брак, тенисерот објави нивни стари фотографии
11.07.2024 juli Cetvrtok
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ и неговата сопруга Јелена ја прославија десетгодишнината од бракот.
Новак во оваа пригода ѝ посвети емотивна објава на својата сопруга на „Инстаграм“. Напиша песна на англиски и направи компилација од нивните фотографии и видеа од раните денови на врската до сега.
Во таа песна тој наведе сѐ што заедно поминале тој и Јелена во овие десет години.
За неколку часа објавата собра повеќе од 360.000 „допаѓања“ и многу коментари.
Comments