Search
Нова титула за Македонија на „Мис Евроазија 2024“
- Aleksandar Santovski
- Jul 11, 2024
- 1 min read
11.07.2024 juli Cetvrtok
Во Москва, Русија, неодамна се одржа изборот за Мис на Евроазија 2024, на кој нашата држава ја претставуваше 26-годишната тетовчанка Катарина Јовановска. Таа од Москва се враќа со титулата Трета придружничка. Овој голем успех го направи во конкуренција на 30 девојки од исто толку држави од Европа и од Азија. Победничка е претставничката на Узбекистан, титулата Прва придружничка ја освои Мис Турција, а Втора придружничка е убавицата од Русија.
Катарина е дел од Модното студио „Црнокрак“. Таа на финалната вечер се претстави во креации на Елена Лука, специјално изработени за оваа прилика.
Commentaires