top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Нова соработка на Скорсезе и Ди Каприо: Ќе снимаат историска драма за опстанокот

Американскиот режисер Мартин Скорсезе и американскиот актер Леонардо ди Каприо планираат нова соработка, по филмовите „Бандите на Њујорк“ (Gangs of New York), „Авијатичарот“ (The Aviator), оскаровскиот „Покојните“ (The Departed), „Островот Шатер“ (Shutter Island) и „Волкот од Волстрит“ (The Wolf of Wall Street).

Следниот проект на дуото е историска драма за опстанокот, сместена на брегот на Јужна Америка, во средината на 18. век. Приказната раскажува за британски воен брод кој ќе се насука на осамен остров близу Чиле, каде што во суровата борба за живот, екипажот гладува, па се случуваат убиства и бунтови…

Правата за филмот ѝ припаѓаат на стрим-платформата „Епл“. Филмот е заснован на книгата „Облогот: Приказна за еден бродолом, бунт и убиство“ (The Wager: A Tale of Shipwreck, Mutiny and Murder), од американскиот писател Дејвид Гран.

Идната 2023 година, Ди Каприо и Скорсезе ќе бидат актуелни и со филмот „Убијците на Цветната Месечина“ (Killers of the Flower Moon), исто така заснован на книга на Гран.

Леонардо ди Каприо (1974) е добитник на повеќе награди, меѓу кои и „Оскар“ за главна машка улога во „Повратник“ (The Revenant), „Златен глобус“ за најдобар глумец за неговиот настап во „Авијатичар“. Својата кариера како актер ја започна уште како дете, учествувајќи и снимајќи на голем број телевизиски реклами и неколку серии. Својот прв поголем успех го доживеа во филмот „Што го јаде Гилберт Грејп“ (What’s Eating Gilbert Grape) во 1993 година, во кој глуми заедно со Џони Деп. Уште тогаш бил забележан од страна на големите филмски продуценти, по што бил номиниран за наградата „Оскар“. Својот подем Ди Каприо го доживеа со учеството во филмот „Титаник“ во 1997 година, за кој ја доби наградата „Златен глобус“.


0 views

Bình luận


bottom of page