top of page

Нова серија напади за Лео: Разочараниот Меси немаше време за навивачите на ПСЖ

Лионел Меси нема по добро да го памети вчерашниот ден на „Паркот на принцовите“, а тоа лесно можеше да се забележи и од реакцијата која ја имаше по крајот на натпреварот.

Како што најавија дел од навивачите на ПСЖ, Меси вчера беше исвиркан пред почетокот на натпреварот од еден сектор од трибините на стадионот во Париз како последица на елиминацијата која ја доживеа тимот во Лигата на шампионите, но тоа беше само најава за шокот кој следеше.

Рен успеа да го изненади ПСЖ и славеше со 0:2 на гостувањето во француската престолнина, каде по крајот на мечот во фокусот се најде и потегот на фрустрираниот Аргентинец.

Разочараниот Меси реши да не ги следи стапките на своите соиграчи и не одвои време за навивачите на ПСЖ, односно не ги поздрави и веднаш се упати кон соблекувалната.

Ова јасно става до знаење дека Меси не е задоволен од третманот кој го добива во Париз, што секако не оди во прилог за ПСЖ кој веќе подолго време се обидува да му го продолжи договорот.


 
 
 

Comments


bottom of page