top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Нова повреда на стартер, нов проблем за Чави и Барселона

Барселона ја оствари првата победа во Ла Лига, но во пресрет на следниот натпревар остана без уште еден важен играч.

Тренерот Чави денеска се соочил со повреда на Педри на утринскиот тренинг и првите најави се дека играчот за врска ќе отсустува неколку недели.

Педри почувствувал болка на квадрицепс мускулот, со кој и претходно имаше проблеми, поради што и тој и лекарскиот тим биле посебно внимателни, но не успеале да спречат нов проблем.

Прогнозите се дека Педри ќе отсуствува најмалку еден месец, а можеби и шест недели, што е јасна најава дека Чави ќе мора да размислува за алтернативни решенија.

Дел од паузата ќе биде покриена со настапите на репрезентациите, што подразбира и отсуство на Педри од подготовките и натпреварите на шпанскиот национален тим.

Претходно, поради повреда од составот на Барса отпадна и Араухо, кој веќе го пропушти дуелот со Кадиз.


0 views

Comments


bottom of page