top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Нова книга: „Видеологија“ – филмски есеи од Златко Ѓелески

30.06.2021 Juni Sreda

„Видеологија“ на Златко Ѓелески претставува збир филмски рецензии и есеи за филмовите што се појавија и во домашната продукција и во светски рамки во 2019 и во 2020 година.

Книгата е поделена на два дела, од кои првиот дел содржи анализа на долгите и на кратките играни и документарни филмови што беа продуцирани и снимени во нашата земја. Анализирани се стотина домашни филмови со цел да се долови диверзитетот, не само на тематскиот избор туку и на начинот на кој се реализирани филмовите, доловувајќи го продорот на уметничкиот израз на младите филмски работници, што станува евидентен не само за домашната јавност, туку е награден и со мноштво признанија на странските филмски фестивали на кои учествуваат македонските филмови.

Вториот дел од книгата содржи избор на дваесетте најквалитетни долги играни и документарни филмови, што се појавија во 2019 и во 2020 година во светски рамки. Во овој дел целта е да се издвојат високите естетски вредности и квалитетите што ги имаат исклучителните филмски достигнувања, што ја одбележаа светската филмска индустрија.

Книгата е во издание на ПНВ публикации.


5 views

Comments


bottom of page