top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

„Нова година – нов почеток!“ – новогодишен концерт на Филхармонијата

21.12.2020 ДЕКЕМВРЕИ ПОНЕДЕЛНИК

„Нова година – нов почеток!“ е насловот на последниот концерт на Филхармонијата за 2020 година, кој ќе се одржи в четврток во 20 часот. Станува збор за несекојдневен концерт, кој во една вечер ќе ги спои традицијата, класиката и џезот.

Концертот се реализира во соработка со ЗЏМ, а диригент е Џијан Емин. Како солисти ќе настапат Џон Илија Апелгрен, Сара Мејс, Дејан Бобиќ, Полина Тасева и Калина Велковска.

Новата сезона на Филхармонијата 2020-2021, која симболично има наслов „Звук на два метра“, се отвори на 3 септември, а до крајот на месецот беа реализирани 16 концерти во редовна програма и во Камерната сала. Филхармонијата беше прва институција од областа на културата што изработи специјални протоколи за реализација на концерти во посебни услови што ги налага пандемијата на Ковид-19.

„Филхармонијата ја завршува оваа неубава година за сите со прекрасен новогодишен концерт, кој има наслов ‘Нова година – нов почеток’, со надеж дека навистина ќе почнеме едно ново и поубаво поглавје во нашите животи. Традиционалниот концерт за новогодишните празници и овој пат ќе донесе позитивна нота и оптимизам за да почнеме повторно да дишеме со полни гради. Животот не би имал смисла без музика, затоа и Филхармонијата не престана да работи од самиот почеток на новата сезона. Одржавме голем број концерти – симфониски, камерни, рецитали, сите организирани со најстроги критериуми, но сите до еден, со одличен фидбек од страна на музичката јавност“, вели Тина Иванова, в.д. директорка на Филхармонијата.

Се гордееме со сето она што досега го сработивме особено во вакви тешки времиња и се надеваме дека ќе продолжиме со истиот ентузијазам и енергија затоа што нашата визија е музиката да го покрие сивилото на секојдневието и да им даде храна на нашите души, вели Иванова.

„Во наредната сезона ќе имаме уште многу настани со врвни диригенти и солисти и навистина импресивна програма. Сите концерти може да се проследат и онлајн, што е позитивна пракса во вакво време, а на што нашата публика веќе се навикна. Здравјето е најбитно, а тоа се чува и со слушање квалитетна музика“, вели Иванова.


0 views

Comments


bottom of page