Нов удар за Клоп: Лавија одлучил да потпише за Челси
Ливерпул ја загуби битката за Моисес Каиседо, а иако делува невообичаено, ќе ја загуби битката со Челси и за Ромео Лавија.
Иако и двата клуба понудиле доволно голема сума за Саутемптон да даде зелено светло за трансфер на 19-годишниот фудбалер, тој решил да го следи примерот на Еквадорецот и да го избере синиот дрес.
Челси и Саутемптон имаат добри односи и не се очекуваат компликации, а „светците“ за овој трансфер ќе заработат 50 милиони фунти, плус дополнителни бонуси.
Ливерпул се обидел да добие предност со поголема фиксна сума, но Јирген Клоп веќе знае дека Белгиецот преферира трансфер во Челси и дека ќе доживее иста судбина како обидот за ангажирање на Каиседо.
Лавија ги пропушти првите натпревари во Чемпионшип и ќе биде целосно подготвен за експресно деби во новиот клуб.
Comments