Нов удар за Баерн: Главниот фаворит за наследник на Тухел си обезбеди друга работа
19.04.2024 April Petok
Баерн Минхен веќе подолг период се обидува да обезбеди соодветна замена за Томас Тухел, кој ќе ја напушти тренерската функција по крајот на сезоната, а денеска доживеа нов удар во рамките на тие преговори.
По „корпата“ од Чаби Алонсо, од игра отпаѓа и Јулијан Нагелсман, за кого германските медиуми тврдеа дека е најблиску до позицијата, односно до враќање во клубот од кој беше отпуштен.
Нагелсман сега прифатил продолжување на договорот со Германската фудбалска федерација и ќе биде селектор барем до Светското првенство во 2026 година, потврди федерацијата.
Актуелниот германски селектор имаше договор да ја води репрезентацијата до претстојното ЕП и се шпекулираше дека потоа ќе го преземе Баерн, но сега федерацијата решила да го задржи младиот стручњак и да му даде посериозна шанса на одговорната клупа.
Нагелсман го водеше Баерн од летото во 2021 година до среде сезона 2022/23, кога беше заменет со Тухел.
Kommentarer