Search
Нов сингл на Ед Ширан по четири години пауза
Updated: Jun 24, 2021
23.06.2021 Juni Sreda
Познатиот пејач и текстописец Ед Ширан го најави својот прв соло-сингл во последниве четири години, насловен „Bad Habits“. Триесетгодишниот Британец од врвот на топ-листите сподели дел од песната и го потврди нејзиното издавање на 25 јуни преку „Атлантик рекордс“. – Работев во студио во последниве месеци и едвај чекам да ја слушнете „Bad Habits“ – им порача тој на многубројните обожаватели. Ширан реши да се одморил од музиката откако во август му се роди ќерката Лира Антарктика Сиборн Ширан. Тој во јули 2019 година објави носач на звук, насловен „Проект соработки бр. 6“, во кој учествуваа неколку негови колеги уметници, меѓу кои беа и: Џастин Бибер, Камила Кабело и Тревис Скот.
Comments