top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Нов роман на Лидија Димковска – „Единствен матичен број“

Во четврток, во кафе-бар „Филхармонија“, со почеток од 19:30 часот, ќе се одржи промоција на новиот роман од Лидија Димковска, „Единствен матичен број“, во издание на „Три“. Воведот кон овој четврти роман на Лидија Димковска ќе ни го овозможат Виолета Танчева-Златева и Гоце Смилевски, истакнати автори во современата македонска литература, кои во оваа книжевна епизода се појавуваат како промотори. Лидија Димковска е веќе докажана авторка на овие простори и надвор од нив. Двапати се има закитено со наградата за проза „Стале Попов“ на Друштвото на писателите на Македонија, како и со германската награда за поезија „Хуберт Бурда“, со романските награди „Поесис“ и „Тудор Аргези“, наградата „Браќа Миладиновци“ на Струшките вечери на поезијата за најдобра поетска книга за „Гранична состојба“ итн. Преведена е на неколку странски јазици со избори и засебни книги кои редовно наидуваат на позитивни критики и одгласи. Нејзините книги често ги следат внатрешните борби на поединецот кој во надворешниот свет трага по својот идентитет. Така и овој нејзин нов роман ни носи освестувачка приказна за нашиот свет што заборавивме да го сакаме. Ќе нè одведе до себеприфаќање, себепронаоѓање, пронаоѓање на домот. Роман потрага по утопијата на идентитетот преку дистопијата на животот.


1 view

Opmerkingen


bottom of page