top of page

Нов резултат за почит: Георгиевски освои златен медал и во Загреб

Најдобриот македонски таеквондист, Дејан Георгиевски дојде до уште еден успех со кој направи нов исчекор кон зацртаната цел, пласман на Олимписките Игри во Париз кои се на програмата во 2024 година.

Георгиевски го освои златниот медал „Загреб ОПЕН Г1“ и тоа откако во хрватската престолница совлада противници од Италија, Бразил и Холандија.

Прво се справи со Марко Насо, потоа го реши Бразилецот Патрик Переира Кардосо за да во финалната борба биде подобар од Брајан Зондероп.




 
 
 

Comentários


bottom of page