Нов проблем за Чави: И Де Јонг е на листата на повредени кај Барселона
Барселона славеше во дербито против Реал Мадрид (2-1) пред репрезентативната пауза, но таа средба како и обврските на играчите со националните тимови донесоа големи главоболки за лидерот во Примера.
На вчерашната средба меѓу Данска и Финска во квалификациите за ЕП се повреди дефанзивецот Андреас Кристенсен и според информациите ќе паузира неколку седмици. Денеска пак Барса официјално ја потврди и повредата на Френки Де Јонг кој исто ќе биде во „аут“ две до три недели и голем знак прашалник е далеки ќе биде спремен за реваншот против Реал во полуфиналето на Купот на Шпанија.
Ако на ова се додадат отсуствата на Педри и Усман Дембеле, фактот што и Роналд Араухо има проблеми тогаш повеќе од јасно е дека тренерот Чави Ернандес се соочува со главоболки, главоболки кои можат да се зголемат со оглед на тоа што има доста играчи кои се активни со своите национални тимови.
Comments