top of page

Нов предизвик за репрезентативката: Младеновска потпиша за вицешампионот на Германија

12.06.2026 juni Petok

Македонската репрезентативка, Ива Младеновска има нов предизвик и во иднина ќе ја гледаме во Германија.

Таа досега настапуваше во Франција, прво во Брест Бретањ и потоа во Безансон за да од денеска официјално е член на бундеслигашот Борусија Дортмунд.

-Одлуката да се приклучам на БВБ беше многу лесна за мене. Историјата на клубот, неговата привлечност и професионалната средина ме убедија. Се радувам што ќе придонесам за остварување на целите на клубот и заедно да ги прославуваме успесите. Особено сонувам да освојам титула во Женската Бундеслига со БВБ. Тоа би било исполнување на еден огромен сон, -порача Ива која стави потпис на договорот до 2028 година.

Младеновска иако има само 19 години веќе собра доста искуство затоа што претходно настапуваше и за ЖРК Металург со кого го освои Купот на Македонија.


 
 
 

Comments


bottom of page