Нов пораз на македонската фудбалска репрезентација, совладана од Словенија фудбал лига на нации квалификации 2026-2027
30.09.2026 Septemvri Sreda
Словенија поведе во 52.минута преку Санд Ловриќ, кој ја казни грешката на нашата одбрана. Во продолжението селекторот Гоце Седлоски направи измени во составот, но не успеавме да дојдеме до шанса за гол. Словенија вториот гол го постигна по контранапад, а стрелец беше Аљоша Матко. Македонскиот тим првиот удар кон противничкиот гол го имаше во 83.минута преку Христијан Малески, но неговиот удар Јан Облак го одбрани.
Македонската репрезентација одигра уште еден натпревар без постигнат гол и ја продолжи серијата натпревари без триумф.
Во вториот дуел од групата Швајцарија ја победи Шкотска како гостин со 3:0.
На чело на табелата во Б1 групата од Лигата на Нациите е Швајцарија со 6 бодови, Словенија има 4, Шкотска 1 и Македонија е последна без бод.
Следниот натпревар македонската репрезентација го игра на домашен терен со Шкотска на 3.октомври (сабота).








Comments