Ништо од првата пресметка по пауза од пет години: Мари нема да излезе на терен против Ѓоковиќ
05.05.2022 Maj Cetvrtok
Пладневната програма на АТП Мастерсот во Мадрид требаше да стартува со осминафиналниот дуел меѓу големите ривали Новак Ѓоковиќ и Енди Мари, но тениските фанови сепак ќе останат пократки за вакво уживање поради повлекувањето на британскиот тенисер.
На еден час пред стартот на мечот, организаторите на турнирот во шпанската престолнина обелоденија дека нема да има пресметка меѓу добро познатите ривали, бидејќи Мари решил да се повлече од понатамошно настапување поради болест.
Ова требаше да претставува прва меѓусебна пресметка меѓу Енди и Ноле по пауза од пет години, но до истата нема да дојде и покрај тоа што Мари самиот најавуваше дека едвај го чека новиот двобој со светскиот рекет број еден.
Новак без борба се пласира во четвртфиналето на турнирот во Мадрид, чија програма денеска ќе стартува со пресметката меѓу Рубљов и Еванс која е поместена на централниот терен поради откажувањето на Мари.
Противник на СРбинот во четвртфиналето ќе биде подобриот од мечот меѓу Хуркач и Лајовиќ.
Comments