Ништо од враќање на првото место: Алкарас соопшти разочарувачка вест во Барселона
- Aleksandar Santovski
- Apr 16
- 1 min read
15.04.2026 April sreda
Карлос Алкарас го победи Ото Виртанен во првото коло во Барселона, но за време на мечот имаше мали проблеми и побара медицински тајмаут кога имаше резултатска контрола.
Во тој момент, никој не можеше да претпостави дека Алкарас нема да го доигра мечот, па иако го комплетираше истиот со сигурна победа, свикувањето на вонредниот прес беше јасна најава дека нешто не е во ред.
Алкарас мораше да соопшти дека се повлекува од понатамошно учество на турнирот во Барселона, а причина за тоа е повредата на зглобот која испаднала посериозна од тоа што првично се мислело.
– Чудно ми е и тешко ми е што морам да соопштам дека не можам да го доиграм турнирот. Никогаш не сакам да се повлечам од еден турнир, но морам да донесам таква одлука во овој момент.
– Мора да го слушам моето тело и да донесам одлука која ќе ми го олесни патот во блиска иднина. Станува збор за проблем кој знаев да го имам одвреме навреме, но сега проблемот е поголем од тоа што првично мислевме. Сега се враќам дома и ќе морам да се посветам на рехабилитација, – изјави Алкарас кој на овој начин остана без шанси да се врати на првото место на АТП листата, една седмица откако остана без таков статус.






Comments