„Никој не игра за мене, туку за Македонија, а вратата не е никому затворена“ квалификации за светко 2026 во фудбал пресс Видео
- Aleksandar Santovski
- 4 days ago
- 1 min read
30.03.2026 Mart Ponedelnik
Селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија, Гоце Седлоски на прес-конфренцијата пред пријателскиот меч со Ирска зборуваше за промените во тимот. Македонсиот стратег нагласи дека никому вратата во репрезентацијата не му е затворена, а нагласи и дека сите кои ќе играат, играат за земјата од која потекнуваат.„Играчите кои настапуваат во клубовите имаат предност и во репрезентацијата. Кој игра за Македонија не игра за мене или за некој друг, игра за земјата. Секој си одговора за своите постапи и не се мешам во тоа. Никому вратата во репрезентацијата не му е затворена. Се одлучив за момците кои го понесоа товарот во квалификациите. Разговарав со Адеми и со Стефан Ристовски, како и со сите други потенцијални репрезентативци и никој не исклучувам за во иднина.Треба да се освежува репрезентација, но костурот ќе биде овој. Ако играат во клубовите, овие момци ќе бидат повикувани. Ќе гледаме и скенираме и во домашната лига и во младинските селекции и сигурно ќе освежиме во иднина“, изјави Седлоски.
Македонија со пораз од Данска (4-0) го заврши сонот за Мундијалот. По овој натпревар нашата селекција автоматски продолжи ја пријателски меч против поразената Ирска од другото полуфинале во кое подобри беа Чесите.






Comments