top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Николов: Како дете плачев за Реал, но историската сензација на „Бернабеу“ не е случајна!


30.09.2021 Septemvri Cetvrtok

Шериф Тираспол направи историска сензација во вторникот вечерта и го победи Реал Мадрид на „Сантијаго Бернабеу“, натпревар на кој одлучувачкиот гол беше постигнат во 90-та минута.

Себастијан Тил се претвори во херој со погодокот за 1-2 кој го постигна во самата завршница, во која шанса за настап доби и македонскиот репрезентативец Бобан Николов.

Играчот за врска беше искористен како тактичка измена за одолговлекување на времето во судиското надополнување, но и покрај тоа, Николов ќе остане запишан во историјата како играч бил дел од сензацијата која ја приреди молдавскиот тим среде Мадрид. По повод неверојатната победа, Бобан направи ексклузивно интервју за „Моцарт“, откривајќи дека луѓето во Молдавија не биле еуфорично по огромниот триумф во Шпанија.

– Стигнавме во Молдавија ноќта измеѓу вторник и среда. Беше прилично мирно и тивко. Нема да ми верувате, но не дочека само една телевизиска камера. Можам да замислам што би било во Белград ако Црвена Звезда или Партизан остварат победа против Реал среде Мадрид. Тоа би било лудница. Сепак, овде е мирно, а тој мир може да ни донесе предност во иднина. Немаме притисок од навивачите и одиме мирно на секој меч, – потенцира Николов кој како дете бил огромен фан на Реал Мадрид.

– Без лажна скромност, ова беше најголемо изненадување во историјата на Лигата на шампионите. Имав среќа во финишот да стапнам на тревникот на „Сантијаго Бернабеу“. Како дете навивав за Реал Мадрид, почнав да гледам фудбал поради генерацијата на Зидан и останатите „Галактикоси“. Плачев кога губеа. Кога како тим ќе одиграте меч каков што одигравме, знаете дека сте успеале во фудбалот, – додава Николов и завршува дека изненадувањето не се случило случајно.

– Можам да ви кажам каква беше нашата подготовка, можете да ми верувате, може не. Тимовите од Истокот, обично немаат големи амбиции кога играат против фаворитите. Но, ние не влеговме така во мечот, не влеговме за да загубиме со што помалку голови. Бевме посветени, го анализиравме Реал од сите агли, три дена по ред имавме видео презентација за нивната игра. Презентациите траеја по еден час. Знаевме како да им се спротивставиме. Тренерот побара да ги почитуваме, но да не се плашиме. Навистина верувавме во победа, – открива македонскиот играч за врска.


2 views

Comentários


bottom of page