top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Николиќ ја призна грешката, па се одјави од Аеродром како голем џентлмен (Фото)

Драган Николиќ режираше бизарен момент на првиот плејоф натпревар против Кожув и поради едно невнимание влета на теренот, односно спречи контра на противничкиот тим во раната фаза на натпреварот. Тренерот на МЗТ Скопје доби исклучување и прерано го заврши мечот, но поради лавината реакции во јавноста, дисциплинците при КФМ одлучија да му доделат драконска казна од 10 меча суспензија. Поради ова, водечките структури на МЗТ решија да се разделат со Николиќ во ситуација кога тимот се бори за шампионска титула во домашното првенство, а искусниот стручњак сега реши да испрати порака до сите оние кои му овозможија незаборавно искуство во Аеродром. Во изјава за српските медиуми, Николиќ вчера ја призна грешката и нагласи дека се претерало со критиките, додека денеска се јави со официјално соопштение преку веб страната на МЗТ. – По изречената казна, единствено рационално решение беше договорен прекин на соработката. Патиштата ни се разидоа, но останува мојата голема почит и благодарност за луѓето со кои најблиску соработував изминатиот период, како градоначалникот на општина Аеродром, извршниот директор на клубот, луѓето од стручниот штаб, кошаркарите и луѓето вработени во клупската канцеларија. Посебно ги издвојувам навивачите, на кои им посакувам во најскоро време да ја дочекаат и да ја прослават нашата десетта шампионска титула, – порача Николиќ.


1 view

Comments


bottom of page