top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Николиќ нема да го води МЗТ Скопје на најважниот меч во АБА лигата

МЗТ Скопје утре го игра најважниот меч во оваа сезона во АБА лигата, меч против Сплит кој мора да го добие ако сака да остане во игра за опстанок во ова натпреварување.

Македонскиот првак ги загуби сите мечеви надвор од Аеродром и ќе има исклучително тешка задача против хрватскиот претставник, поточно ќе мора да бара големо изненадување. Нов проблем за „металците“ е тоа што до тој позитивен резултат ќе мора да стигнат без услугите на тренерот Драган Николиќ.

Николиќ се уште е позитивен на коронавирусот и поради тоа тој ќе остане во Скопје, однос екипата ќе ја води неговиот асистент, Васко Атанасов.

Атанасов има искуство во оваа улога, го има водено составот на четири средби и засега има перфектни 4-0, па „штрковите“ се надеваат дека таа серија ќе продолжи и во Сплит.

Натпреварот е закажан за утре од 18 часот.


1 view

Comments


bottom of page