top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Николас Кејџ ќе стане татко по трет пат

Николас Кејџ го проширува своето потомство, oбјавија медиумите, додавајќи дека холивудската ѕвезда го очекува своето трето дете, прво со петтата сопруга, јапонската актерка Рико Шибата. 58-годишниот Кејџ веќе има два сина Кал-Ел (16) и Вестон (31) од поранешните бракови. „Идните родители се многу среќни откако ја дознаа убавата вест“ изјави претставник на Кејџ за магазинот „Пипл“ и додаде дека сопругата му кажала дека е бремена токму на неговиот роденден. „Специјален подарок за неговиот 58. роденден“, додаде тој. Николас и Рико се венчаа во февруари минатата година на мала интимна церемонија во Лас Вегас. Рико има 27 години и е четири години помлада од најстариот син на Николас. Двојката се запозна во Јапонија додека Кејџ беше на снимање на „Затвореници на земјата на духови“ (Рrisoners of the Ghostland), јапонско-американска копродукција.


2 views

Comments


bottom of page