top of page

Николас Кејџ се ожени по петти пат

08.03.2021 mart ponedelnik

Николас Кејџ потврди дека тој и Рико Шибата го врзале јазолот минатиот месец. 56-годишниот актер откри дека младенците биле многу среќни по нивната многу мала и интимна венчавка во хотелот „Вин“ во Лас Вегас. Во разговор со магазинот „Пипл“ тој рече: „Вистина е, многу сме среќни“. Ова е петти брак на 56-годишниот актер. Тој и 30 години помладата Рико (26) се венчаа на 16 февруари, еден вид симболика што го обележува роденденот на покојниот татко на Кејџ, Аугуст Копола. Претставник на холивудскиот актер изјави за магазинот: „Датумот беше избран во чест на роденденот на покојниот татко на младоженецот“.



 
 
 

Comments


bottom of page