top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Николас Кејџ не бил платен за филмот што му донесе „Оскар“

Николас Кејџ не добил никакви пари за улогата во „Заминување од Лас Вегас“ – психолошка драма за врската помеѓу алкохоличар и проститутка што живее во Лас Вегас – за чија изведба освои „Оскар“. Како што пренесува „Њујорк пост“, блескавата статуетка е единственото нешто што го добил за работата на филмот од 1995 година. Leaving Las Vegas, адаптација на истоимениот роман на Џон О’Брајан од 1990 година, го следи ликот на Кејџ, Бен Сандерсон, сценарист од Лос Анџелес, кој се сели во Лас Вегас и води исцрпувачка битка со алкохолизмот. Кејџ доби „Оскар“ и „Златен глобус“ за најдобар актер во улогата на Бен Сандерсон, а Мајк Фигис беше номиниран за најдобар режисер. И покрај големиот успех на филмот и наградите, двајцата не заработија ништо од овој филм. Фигис тврди дека требало да му платат 100.000 долари хонорар за режија, кои никогаш не го добил. Говорејќи за поткастот It Happened In Hollywood, Фигис рече дека буџетот на филмот бил помеѓу три и четири милиони долари, но дека не е сигурен колку точно. „Којзнае. Никогаш не видов никакви пари. Николас и јас никогаш не добивме плата затоа што се зборуваше дека филмот не донел профит“, рече Фигис. Тој не размислува за неплатениот хонорар повеќе од 27 години подоцна. „Како и да е, мојата кариера тогаш тргна по нагорна линија. За следниот филм што го направив, бев навистина добро платен. А Кејџ во рок од една година заработи 20 милиони долари од филм, па тоа беше прилично добро“, рече Фигис додавајќи дека Кејџ бил срцето и душата на филмот и бил целосно посветен на ликот што го глуми.





0 views

Comments


bottom of page