Search
Николас Кејџ го смени изгледот за улогата во новиот филм
Оскаровецот Николас Кејџ снима филм во Торонто, а за улогата толку многу го промени својот изглед што малкумина би го препознале. Во комедијата Dream Scenario („Сценарио од соништата“) на норвешкиот режисер и сценарист Кристофер Боргли, Кејџ игра запоставен и неуспешен професор кој преку ноќ станува славна личност откако ќе се појави во соништата на сите на планетата. Ќелав, со седа брада и со дебели очила, актерот е навистина тешко да се препознае. Во филмот глумат и Џулијан Николсон, која неодамна доби „Еми“ за улогата во Mare Of Easttown, Дилан Бејкер, Кејт Берлант и Џенифер Вигмор.
Comments