Никола Василевски е нов кошаркар на МЗТ Скопје Аеродром кошарка
- Aleksandar Santovski
- Jul 21
- 1 min read
20.07.2026 Juli Ponedelnik
Поранешниот младински репрезентативец Никола Василевски е нов кошаркар на МЗТ Скопје и се враќа во добро позната средина, во која веќе настапуваше во минатото.
Станува збор за 23-годишен бек, висок 190 сантиметри, кој зад себе веќе има и настапи за сениорската репрезентација на Македонија.
Минатата сезона ги бранеше боите на Кожув, а претходно настапуваше за ТФТ и за босанскиот Промо. Пред пет години беше дел и од нашиот втор тим – МЗТ Скопје Уни Банка.
Претходно како нови засилувања беа промовирани Лука Стојановски и Босанецот Емир Крајиниќ, а нови договори потпишаа браќата Дамјан и Војдан Стојановски.
МЗТ оваа сезона, покрај настапите во АБА 2 лигата и домашното првенство, ќе игра и во ФИБА Еврокупот каде противници на нашиот првак ќе бидат грчкиот Ираклис, естонскиот Тарту, германскиот Вурцбург, АЕЛ Ларнака од Кипар и Џики Варшава од Полска.






Comments