Никол Кидман ја оттурна Салма Хајек на модната недела во Париз, оваа остаа подзината/ВИДЕО
15.10.2024 Oktomvri Vtornik
На интернет стана вирално видео од незгодниот момент помеѓу Никол Кидман и Салма Хаек на овогодинешната модна недела во Париз. Тие позираа по ревијата на брендот Баленсијага, која се одржа во рамките на настанот.
Се фотографираа со пејачката Кети Пери, а Салма во еден момент се обиде да ја сврти Никол кон фотографите. Меѓутоа, Кидман грубо ја одби, оттурнуваји и ја раката, ја, притоа вртејќи им го грбот на фотографите. Тогаш Никол разменила неколку зборови со Кејти и си заминала.
„Никол сигурно не гедаше прст пред себе со тие очила, но „не ме допирај“ беше сосема непотребно“, „На Салма и беше многу непријатно“, „Многу непотребно, нема потреба да ја турка раката далеку“, „Многу напнат момент“, напишаа луѓе во коментарите под снимката што беше објавена на Х.
Некои додадоа дека се гледа дека има тензии меѓу актерките.
Пристигнувањето на Никол на модната ревија во Париз беше нејзино прво јавно излегување по смртта на нејзината мајка. Актерката била во Венеција кога ја добила тажната вест, а потоа итно отпатувала за Австралија.
Кидман била многу блиска со мајка си која имала здравствени проблеми, а за неа се грижела актерката.
„Можам да го видам светот, затоа што сме блиски, низ очите на 81-годишна жена. Таа е многу директна и многу искрена, и на тој начин добивам пристап до светот преку нејзините очи, очите на мајка ми“, изјави актерката во едно интервју пред две години.
Comments