top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Никол Кидман се откажа од својата прекрасна долга коса!

26.07.2021 Juli Ponedelnik

Во текот на децениската актерска кариера Никол Кидман често го трансформира својот изглед, но во најголем дел го задржа својот заштитен знак – долгата руса коса. Многу корисници на социјалните мрежи бea прилично изненадени од нејзината последна објава на „Инстаграм“, каде што австралиската актерка позира со драстично пократка фризура – јагода блонд пикси. Сепак, ова драстично кратење на косата се чини дека е уште едно во низата приспособувања на потребите за филмски проекти. „На снимање!“, напиша актерката во објавата. Повеќето нејзини фанови искрено признаа дека се надеваат оти сепак станува збор за перика. „Што се случува со вашата коса, ме исплашивте“, „Се надевам дека не им дозволивте да ви ја исечат убавата коса“, напишаа, меѓу другото. Но, некои ја поздравија промената споредувајќи ја австралиската актерка со Џули Ендрус, sвездата на култниот филм „Мои песни, мои сништа“.



1 view

Comments


bottom of page