top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Никол Кидман изземена од мерката задолжителен карантин во Хонгконг

Додека Хонгконг се подготвува за нови драконски ограничувања за патување кои треба да стапат на сила од четврток на полноќ, австралиската актерка Никол Кидман доби дозвола од владата да го прескокне задолжителниот карантин, објавија медиумите. Исклучокот е даден за да ѝсе овозможи да ја снима ТВ-серијата на „Амазон“ со наслов The Expats, објави веб-страницата за вести HK01, потег што е во спротивност со уредбата за задолжителен тринеделен хотелски карантин за жителите и за сите останати по влегувањето во азискиот финансиски центар. „Ројтерс“, кој прв ја пренесе веста, не можел независно да ја провери информацијата. Владата на Хонгконг не одговорила на барањето за коментар. 54-годишната холивудска sвезда била забележана како пазари и снима во поранешната британска колонија, откако пристигна од Сиднеј минатата недела, според HK01.


0 views

Comentarios


bottom of page